ДЕВИЦА

Господинот Девица предност му дава на квалитетот над квантитетот, што делумно е последица на постоечкиот конзервативизам и срамежливоста, а делумно на тоа што страшно се плаши да не направи грешка. Овој Меркуријанец мора се добро да провери, а зборот спонтаност скоро и не постои во неговиот речник. За да го заведете бидете како него, уредни, промислени, одмерени... Секој вид на неорганизираност и хаос кај него предизвикува природна одбивност. Зачленете се во библиотека и потрудете се да се информирате за сите актуелни културни збиднувања. На Девиците им е потребен адекватен соговорник. Некаде длабоко во душата тие се големи сентименталци, но ретко која девојка има доволно трпение тоа да го согледа. Ако очекувате серенади под прозорецот, заменете го на пример со Стрелец. Ако ви се потребни долги уверувања дека сте сакани, повторно сменете го знакот. Овој маж многу теШко ги изразува чувствата (поготово јавно). Ако ви треба солиден, доверлив и партнер кој ќе ве разбере, мажот Девица е она што го барате.


Госпоѓицата Девица е една од оние жени кои на вашите воодушевувачки комплименти и ласкањето ќе остане мртва ладна. Таа многу добро ја знае разликата меѓу зборовите и делата, меѓу формата и суштината и секогаш го избира ова другото. Ако со нејзе имате намера да муабетите претресувајќи ги актуелните трачеви од естрадата, ќе ве смести во фиоката со наслов “несериозен и залуден”, затоа што нејзе и е потребен маж со потполно спротивни особини. Уредно потстрижете се, облечете беспрекорно испеглано неупатливо одело и најавени чукнете на нејзината врата со две театарски карти во џепот или со моментално актуелната книга, која на пример обработува проблематика на влијанието на Кантовото учење врз понатамошниот развој на германската класична идеалистичка филозофија. Но претходно прочитајте ја книгата. Девиците не ја поднесуваат површноста, а со блефирање можете да постигнете само тоа таа моментално да ве заборави.